Глуво девојче треба да се оперира, семејството нема пари ни за крвна слика

Седумгодишната Меланија од Куманово на едното уво не слуша и крајниците треба да и се оперираат, но семејството нема пари ниту за крвна слика. Оваа потресна сторија за девојчето кое бара спас за да може да се лекува ја пренесува emagazin.mk.
За репортерот на порталот таткото на Меланија вели дека треба да плати 150 до 200 денари за крвна слика и брисеви за да оди на операција. Сака девојчето да оди на училиште и да не остане неписмено како него иако сиромаштијата го терала неколку пати и да ја опише. Девојчето седи гладно на школо и одбива храна. Меланија на три и пол годишна возраст имала воспаление на левото уво и од тогаш не слуша.
И таткото е болен и со едната нога инвалид. Бара помош бара работа. Зимата семејството ја поминало на свеќи оти не може ни струја ни вода да плати. Таткото Трајко е едно од многуте деца кои до 26 години државата ги згрижува во социјални станови кои потоа мора да ги напуштат.
Комплетната сторија и фото галерија читајте на emagazin.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави