Гинекологот НЕ ВАДИ БУБРЕГ, хајката е од анти албански настроени индивидуи

За првпат, синоќа, на Фејсбук, се огласи гинекологот Мухамед Асани, кој како што информираше вчера министерот за здравство, Венко Филипче, е разрешен од позицијата директор на Општата болница во Струга.

Тој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, кој предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

“До денеска не се изјаснив, не затоа што немав што да коментирам или затоа што совеста не ми е чиста, како што и мислеа некои луѓе! Но, сето тоа го направив во почит на одлуката на соодветните установи.

Иако против мене имаше толку обвиненија со цел да ми го уништат авторитетот, сепак мислев дека првично својот став треба да го кажат соодветните одговорни институции. Но сфатив дека во дел од јавноста ова е погрешно сфатено.

Повеќе од очигледно е дека овие последователни обвиненија од некои индивидуи и портали кои ниту ме познават лично, ниту ја знаат мојата работа, со исклучок на сериозните медиуми, се всушност потикнати од противници и анти албански настроени индивидуи.

Независно од тоа што првично изгледа како обвинение против лекар, всушност е обвинение против мојата функција како директор на ОБ Струга, функција која јас заслужено и со многу одговорност ја извршувам повеќе од една година.

Во врска со случајот се изнакажаа толку многу нешта што само имагинацијата на некој што по секој случај бара виновник може да ги измисли.

Пациентката е примена во болница и направена е предоперативна подготовка по протокол.

Беше втор царски рез кај пациентката, и нормално како по секој оперативен зафат, ризикот и можноста за компликации се зголемуваат во секој нареден зафат.

На пациентката детално и е објаснета операцијата, ризиците, интра и постоперативните компликаци, истата свесно со своерачен потпис се согласила.

Постоперативно пациентката беше под надзор секој ден од дежурните екипи (двајца лекари специјалисти гинеколози-акушери и 4 сестри акушерки), кои констатирале дека пациентката секој ден била стабилна.

Петтиот постоперативен ден состојбата на пациентката се комплицирало (интраабдоминална хеморагија), хеморагичен шок, животозагрозувачка состојба, ако не се интервенира навреме и брзо.

Итно влеговме во операциона сала екипа од двајца гинеколози, двајца хирурзи и двајца анестезиолози, секој работејќи на својата област.

После една екстремно тешка и вонредна работа, која траеше цели 8 часа, успеавме да и го спасиме животот на пациентката.

Сакам да нагласам дека гинекологот НЕ ВАДИ БУБРЕГ. Констатација од некои портали и индивидуи кои или тенденциозно го прават тоа или немаат поим што значи медицина.

Бубегот е изваден од страна на хирурзите кои во моментот имале индикација за тоа, зашто само на тој начин можело да го спречат крварењето кое потекнувало од таму (сето ова е се документирано).

Работата во тек на ова операција е многу тешка, која се прави во специјализирани клиники, но со голема посветеност и упорност од целата екипа, заврши успешно.

Потоа пациентката беше препратена во КАРИЛ за интензивен мониторинг и понатамошна евалуација.

При прием на пациентката, лекарите и специјалистите од таа Клиника ја оценија нашата работа максимално професионално завршена.

Нашата професионалност со тоа што и го спасивме животот на пациентката се докажа и од комисијата формирана од Лекарска комора, под наредба од Министерството за здравство, која беше составена од пет специјалисти од соодветните области, гинекологија, хирургија, урологија и анестезиологија.

По деталната анализа за горенаведениот случај, донесена е одлука: Не е констатирано ниту еден прекршок во тек на инервенцијата, не е најдена никаква лекарска грешка и секој чекор бил по медицинските протоколи.

Јас лично мислам дека ниту еден лекар не сака да му се комплицира состојабата на неговите пациенти или во најлош случај да заврши со фатален исход. Но колку и да си посветен на работата и при вршење на истата, сепак може да се настануваат и компликации.

Има и несовесни лекари, но сите што ме познаваат мене, знаат дека не спаѓам во тие. Ова сум го докажал со мојата работа повеќе од 30 години, работејќи со голема професионалност и посветеност, каде над се бил животот на пациентите.

Сум жртвувал часови од одмор, времето со моето семејство, моите деца, само и само за да бидам на служба на секој кој што имал потреба од мене.

За мојата 30 годишна кариера, одредени портали (новоотворени без никаков критериум) и индивидуи, ме обвинуваат без никаков основ за двата случаи како да сум направил криминал.

Во врска со случајот од Дебар, ја разбирам болката на семејството, но треба да знаат дека во тек на мојата работа немало ниту една грешка.

Жалам што пациентката се соочи со една таква компликација, но после интервенцијата целата состојба им беше објаснета на семејството и текот на операцијата.

Целата медицинска документација им ја предадов на авторитетите и ќе го почитувам секој нивна одлука.

Жал ми е што од несреќата на овие пациенти сакаат да придобиваат мои противници, како и различни портали кои само за повеќе лајкови, не земаат во предвид дека си играат со мојот углед и авторитет како лекар, но единствено што можам да кажам е дека: Мојата совест е многу мирна, зашто уште еднаш потенцирам дека цело време сум бил професионален и посветен во мојата работа.

Ова може да го потврдат илјадници пациенти во мојата 30 годишна кариера, кои и ден денеска ми се заблагодаруваат секогаш кога ќе се сретнеме.

Јас сум им благодарен на сите тие, зашто довербата и подршката што ми ја даваат е главната причина за јас да продолжам да ја вршам мојата работа со голема професионалност и љубов“, напиша тој.

Фото: Асани/Фејсбук

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(ВИДЕО) Познатиот јутјубер Стефонатор со солзи радосници: „Го победив туморот, се чувствувам како да ми започнува втор живот“

По втората операција на туморот, како и снимањето на ПЕТ скен, познатиот јутјубер Стефонатор објави убава вест, дека е излечен…
Повеќе

Гинекологот од Битола на третиот тест негативен на корона , семејството нема објаснување како пред три дена беше позитивен

Почитувани пациенти, сограѓани и пријатели,Во изминативе денови, навистина се соочувавме со страв, неизвесност и голема одговорност. По позитивниот…