Генералот Стојанче и граѓани ќе соберат пари за да го спасат фармерот од Карбинци од лихвар и извршител

Достоинство на Стојанче Ангелов и граѓани ќе го спасуваат Ристе Бањоглав од лихварот кој преку извршител бара присилно иселување на петчленосто семејство од Долни Балван од нивниот дом.

Откако ТВ Стар ја објави сторијата за проблемите на Бањоглави, логистичка и финансиска помош понудија од  Достоинство:

„Имајќи ја во предвид лошата состојба во која се најде нашиот член Ристе Бањоглав, кој не по негова вина , западна во силни финансиски проблеми , како партија му овозможивме една финансиска помош од партијата, но повикавме и граѓаните кои се во можност да помогнат.Сите заедно ќе му помогнеме на Ристе да излезе од оваа ситуација во која се наоѓа , првиот проблем се финансиите, вториот човекот кој сега формално правно е сопственик на куќата да покаже малку човечност, бидејќи ние ќе му го исплатиме целиот долг“ изјави Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.

Ристе Бањоглав, се нашол во животна невојла откако пред три години на заем зел 10.000 евра за подигање на стадо со кози и изградба на млин. Како гаранција тој под залог го дава земјиштето под својот имот, а лихварот веднаш предметот го дава кај извршител и бара присилно иселување на Бањоглави.

Досега, на 16 лицитации, Бањоглав уплаќа над еден милион денари, но имотот повторно не е негов.

Денес тој повротно од Судот побара одложување на извршувањето и шанса да си го откупи свето. Според сите документи, со камати и други  трошоци, Ристе должи уште околу 4.000 евра.

Оние кои сакаат да му помогнат на Бањоглав да си го спаси домот наследен од дедо и прадедо и каде тој со семсјтвото , меѓу кои и две малолетни деца и стара мајка, живее од раѓање, тоа можат да го направат со уплати на следната жиро сметка:  210501697441558, Тутунска банка, на име Ивана Бањеглав .

К.М.

Total
0
Shares
Поврзани објави