Фото вест: Запалена фритеза во Рамстор го вклучи алармот во Пожарна

Пред половина час Пожарната служба доби повик за пожар во трговскиот центар Рамстор во центарот на Скопје. Пожарната пристигна брзо но немаше потреба од поголема интервенција. Во една од сендвичарите се запалила фритезата од што се створило многу чад. Пожарникарите го обезбедиле местото без никакви проблеми за трговскиот, околните продавници и посетителите.

Овој пожар ја мина бројката од над 1000 интервенции на противпожарната служба само во Скопје. Според просечната статистика оваа година бројот на пожари е зголемен и се очекува годината да заврши со над 1700 -1800 пожари што е многу над просекот од околу 1300 пожари односно интервенции годишно. Лани биле регистрирани 1100 пожари.

Пожарникарите водат битка со години да добијат нова опрема, нови возила и подобри услови за работа, но најважна е битката која дел од нив ја водат во судовите каде бараат корекција на платите кои се околу 300 до 400 евра и исплата на надоместоците кои по Закон им следуваат. Преговорите со општините траат со години и со претходната и со новата власт, но едвај нешто е на повидок за договор.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ВИДЕО: Детето ја разбуди мајката и го спаси семејството од пожар, следниот ден им изгоре и плевната – семејство од село Русиново остана без ништо

Откако семејството Воденски од беровското село Русиново го изгуби својот дом во пожар, се запали и нивната штала…