ФОТО: Со тешки изгореници на раката, наместо на боледување државата го враќа на работа

Пациент со тешки изгореници на прстите на десната рака добиени од врело лепило мора да се врати на работа, зашто Првостепената комисија не му го продолжува боледувањето и покрај препораките на докторот специјалист дека се работи за тешка повреда, на која и е потребно лекување од еден месец.

Случајот со фотографиите од изгорените прсти на човекот ги објави Ана Глигорова од партијата Граѓанската демократска Унија, нарекувајќи го проблемот „Фонд за здравствено осигурување и апсурдите“.



Таа кусо го објаснува случајот на нејзиниот пријател, споделувајќи ги фотографиите со вознемирувачка содржина од кои јасно се гледа дека човекот е невозможно да биде вратен на работа, односно дека не е работоспособен и дека му е потребно лекување.

– Пораката од мој пријател во која тој ми ги прати фотографиите од тешката изгореница со која се здобил на работното место пред 20-тина дена и контрадикторните препораки на комисиите на фондот за тоа колку време треба да биде на боледување е одраз на нашата нефункционална администрација која нема ниту познавања, ниту хууманост. Првостепената комисија не му го продолжува боледувањето до еден месец од 10 јуни до 10 јули, а одговор од второстепената комија нема. Специјалистот по медицина со детален преглед одлучува дека до 10 јули треба пациентот да биде ослободен од физичка работа. Работодавецот е на линија на специјалистот, но државата, таква неспособна би го пратила да работи човеков со тешка повреда уште веднаш, пишува Глигорова.





Таа прашува до кога вака, до кога администрацијата ќе одлучува со својата ниска свест за возвишеноста на здравјето и животот?


Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави