Фото: Скопје близнаци, Битола чупе , Гостивар првото бебе во 5.40…

Женски бебиња го одбележаа почетокот на Новата 2020. Првите во се родени две минути по полноќ се близначиња машко и женско. Првото е женското.

Близначиња се првите бебиња што се родија годинава во Скопје. Бебињата се родени на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Како што информираат од Клиниката, првото е женско, родено е во 00:01 часот, тешко e 2.360 грама и долго 47 сантиметри. Второто е машко, родено e две минути подоцна, тешко е 1.760 грама и долго 46 сантиметри. Бебињата и мајката Снежана од Скопје се чувствуваат добро.

Традиционално денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заменик-министерот за здравство, Арменд Арслани и директорката на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Викторија Јовановска ќе ја посетат мајката и првородените бебиња.

Во Битола првото бебе исто така е женско. Се вика евгениија е родено една минута по полноќ.

Во Гостивар првото бебе е женско и се роди дури во 5.40. Второто по еден час е машко.

Како што соопштија од гинеколошкото одделение за Струмица Денес, годинава повторно првото новороденче во нашиот град е женско. За разлика од минатата година која првото новороденче се роди во 1 часот по полноќ, оваа година тоа се случи само една минута по полноќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

22-годишна студентка од Дебар, е најдобар студент на Универзитетот во Бристол, Англија, од областа на клеточна и молекуларна медицина

Доника Клења, 22-годишна студентка од Дебар, е најдобар студент на Универзитетот во Бристол, Англија, од областа на клеточна…