ФОТО : Пожарникари спасија дете со приклештени нозе во собраќајка

Мартин Божиновски,Новак Ѓукиќ и Димче Цветков се пожарникарите кои спасија 10 годишно дете по сообраќајна несреќа на влезот кај аеродромот Петровец. Во несреќата на детето му биле приклештени нозете во целосно уништеното возило. Почитувајќи ги сите стандарди на професијата го ослободиле заробеното дете и истото со возило на брза помош веднаш било транспортираno до најблиската болница. Пожарникарите успеале во разговор со детето кое било многу смирено да му помогнат да го извлечат и спасат.

Total
0
Shares
Поврзани објави