(ФОТО) Панки се врака од затвор – нова песна и нов имиџ , тешко кој ќе го препознае

Деновиве одекна веста за враќањето дома на пејачот на ,,Куку Леле”, Сашо Каимовски (52) познат како ,,Панки”, кој  беше пуштен на слобода од грчкиот затвор, откако во март годинава беше уапсен на преминот Евзони на пат кон Грција. Каимовски се бараше со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати во Минхен, Германија.

По враќањето дома, барем досега Панки се нема огласено во јавноста во врска со неговиот случај, но едно е повеќе од јасно, а тоа дека пејачот полека му се се враќа на стариот живот. Оние што го виделе , а и од фотографиите што осамнаа на социјалните мрежи можеше да се забележи дека неколкумесечниот праестој „онаму каде што беше“ си го направил своето. Панки видно ослабен, помалку истоштен, со проретчена и побелена коса и долга бела брада, речиси на работ на препознатливост…!

Но тоа беа само првичните фотографии. Естрадната ѕвезда знае дека бргу мора да се доведе во „нормала“, па не мина долго за пејачот да се трансформира во оној стариот препознатлив Панки. Ги бојадиса косата и брадата, која сепак ја остави како знак на распознавање на новиот имиџ.

„Доме слатки доме“ му напишал во знак на добредојде на Панки сопственикот на познатиот скопски ресторан на градскиот кеј крај Вардар, место кое е главното одредиште и свратилиште на пејачот или како што некои велат неговиот „втор дом“.

А, Панки заедно со Роберт Саздов или обајцата попознати како дуото „Куку леле“ токму таму в четврток, на 12-ти декември 2019 г. ќе го одржат својот повратнички настап, во вид на предновогодишна забава за присутните и добредојде дома за себе како почеток на новиот или враќање на стариот живот на пејачот!

izvor Kurir.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео – Младиот штипјанец Вили Илјов којшто на 29 август беше примен на бесплатно болничко лекување во Жан Митрев Клиника, денеска си оди дома

Младиот штипјанец Вили Илјов којшто на 29 август беше примен на бесплатно болничко лекување во Жан Митрев Клиника,…
Повеќе

Со две дози „Синофарм“ поминав пет тешки дена, ме спаси медот на Атиџе, молитвите.., како пејачката Ребека го прележа Ковид -19

Пејачката Ребека  вакцинирана со две дози „Синофарм“ го прележа ковид-19. Таа во подолга објава на социјалните мрежи објасни…