ФОТО галерија: Кои се девојките кои во Скопје издрадуваа со пакетчиња 60 деца питачи

Денеска две активистки од “Стопли срце” шетаа низ Скопје и делеа пакетчиња на деца кои питачат по семафори. Прошетаа на неколку локации во градот и израдуваа скоро 70 дечиња. Се работи за Верче и Марија кои успеаа да обезбедат пакетчиња за овие деца кои секој ден седат на семафорите кај Соборна , Рузвелтова и други улици и питачат.

Девојките Верче и Марија се дел од здружението Стопли срце и постојано организираат хуманитарни акции и помагаат на изнемоштени и сиромашни луѓе.

Денеска успеаа да измамат радост и насмевки кај дечињата кои се на работат на општеството , а родителите ,ниту блиските може да им дадат трошка радост за престојните празници и пакетче за наголемиот детски празник Нова Година.

Ова не е нивна прва акција. Лани исто така ги радуваа дечињата и апелираат секоја година се повеќе од нас да им се приклучиме . Да израдуваме дете , да го измамие од нив најискерното, а тоа е среќна насмевка.

Total
0
Shares
Поврзани објави