Фото галерија: Дете во тешка здраствена состојба од Клиника замина на лекување во Италија

Специјален медицински тим од Институтот “Џанина Џаслини” од Џенова – Италија, денеска од Универзитетската клиника за детски болести изврши транспорт на дете со сложена клиничка слика во болницата во Италија.

Директорката на Клиниката Аспазија Софијанова, целиот медицински тим од одделението за интензивна нега и лекување и онколошкото одделение го подготвија малиот јунак за нов животен предизвик.

Андреа Москатели, директорот на неонатолошката болница ” Џанина Џаслини” и на одделението за интензивна нега, е лекарот кој ќе го носи нашето дете во болницата во Италија. Тој вели дека се радува што може да помогне и дека е воодушевен од професионалноста на македонските лекари од Клиниката за детски болести.- Соработката е многу важна, да учиме едни од други, на крајот е денот децата се најважни, вели лекарот Москатели.

Андреа Москатели, директорот на неонатолошката болница ” Џанина Џаслини” и на одделението за интензивна нега, е лекарот кој ќе го носи нашето дете во болницата во Италија

*фотографиите се објавени со одобрение на родителите

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Таткото на Дивна Пешиќ осуден на 8 години затвор за полов напад на ученичка – таа порачува: Ќе ја откриеме позадината на овој случај!

Кавадарчанецот Благој Пешиќ, тренер по стрелаштво и татко на нашата олимпијка и ликовен уметник, Дивна Пешиќ Грозданов е…