Фото: Емилија Динева загина во сообраќајка, а нејзиното срце и бубрези спасија три животи

Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема е жртвата на Емилија Динева.

Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби животот во сообраќајка.

Од семејството на Динева порачаа дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи. Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во сообраќајка. Таа по потекло е од Јосифово , а живеела во Стар Дојран.

-За жал еден живот згасна…, но други ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред се сопруга, мајка, баба… 💔💔💔💔 Прерано не напушти… Emilija Dineva твоето срце душо продолжи да чука…, напиша Здравка Шурдоња.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Разговор со докторот кој го експлантира првото донирано срце во Македонија : Доминираше чувството на бескрајна почит кон делото на донорот

Денеска се навршува една година од првата трансплантација на срце во Македонија, односно денес срцето на покојната Емилија…