Раните на фотографиите се на девојче од скопската населба Ново Лисиче кое сношти заедно со уште шест деца и двајца возрасни беа искасани од куче ротвајлер. Девојчето го спасила жена со голи раце која се борела со кучето да го оттргне девојчето. Девојчето со тешки повреди е однесено во болница каде се санирани тешките рани по телото. очевидци велат дека глетката била грозна и стравична.
– Ротвајлер наеднаш нападна две деца 7-8 годишни и една жена. Таа падна на земја и се вртесе по тревникот да се тргни од забите на кучето. Врескаа и децата и жената. Некако жената го задржа кучето и децата побегнаа со трчање да се спасат но кучето успеа да се оттргне и да истрќа пак кон децата. Нападна и други кои о близина играа кошарка. Се стрчаа и возрасни да го тепаат и удриаат ама тоа бесно ги касаше по нозете, раскажуваат очевидци.
Се уште не се знае чие е кучето и дали има беснило или е агресивно подготвувано за борби со кучиња. Во Македонија одамна не е регистриран случај на беснило кај кучиња , а полицијата треба да истражи чие е кучето и да поведе кривична постапака за сопственикот доколу успее да го пронајде.
Поврзани објави
ФОТО: Изгореа шест стана во Гевгелија, отворени сметки за донации за помош на станарите
Шест денa по пожарот кој ја зафати зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 во Гевгелија се отворени…
Од болеста од кој почина Кико, никој не се излекувал – животниот век е околу 24-25 години, вели доктор Лазаров
Докторот Ненад Лазаров на Фејсбук сподели повеќе информации поврзани со болеста на Кико, момчето за кое се обедини…
ФОТО – Сведоштво: Седевме на клупа , без причина не нападнаа и тепаа
Вечерва девојка на социјалните мрежи објави потресно сведоштво за хоророт што го доживеал нејзиниот пријател. Без повод и…
Малолетници сечат гуми на автомобили во Лазарополе, полицијата молчи
Сопственици на викенд куќи во Лазрополе се жалат дека малолетници за кои полицијата е информирана сечат гуми на…