Во Џенова-Италија безбедно слета авионот со специјалениот медицински тим од Институтот “Џанина Џаслини” кој вчера попладне од Универзитетската клиника за детски болести изврши транспорт на дете со сложена клиничка слика.

Детето подготвено од медициски тим од Клиниката за детски болести во придружба на италијански лекар специјалист поради тешката болест е пренесено во Италија на лекување.