Фото – апел да помогнеме на девојката која беше тепана во Штип

Почитувани пријатели и соработници, заради кризата со Ковид 19, знаете дека нашата работа во изградба и реновирање на домови на лица на кои им е најпотребна помош привремено запре….Нестрпливо чекавме да продолжиме но состојбата за жал само се влошуваше…Во меѓувреме, овие денови добивме молба за итна помош на девојката од Штип, за која знаете од медиумите. Таа беше најпрво претепана од двајца насилници, а потоа го изгуби и татко и, и сега живее сама и беспомошна. Решивме, без оглед на се, да се вклучиме во реновирање на нејзиниот дом и да ги искористиме сите наши ресурси, донатори и поддржувачи кои сакаат да се вклучат. Затоа, денес , апелираме сите Вие кои сакате да донирате нешто кое е потребно за реновирање на домот, да се вклучите, како би можеле барем малку да и го олесниме секојдневието.

Потребни се:
електрични уреди (машина за перење, шпорет, рерна, телевизор, аспиратор)
Трпезариска маса со 4 столици
Комода
Плакари
Спална
Прозорци
Врати
Влезна врата
Грејно тело (сега има печка на дрва) па најдобро би бил инвертер кој нема да троши многу
Ламинат
Боја за зидови

За другите нешта веќе имаме донатори!

И најважно, потребни ни се мајстори од Штип кои би работеле волонтерски,( водоводџија, електричар, плочкари, ѕидари)

Веруваме дека како и секогаш, ќе успееме заедно со сите Вас! Шерувајте ја оваа објава како што повеќе луѓе би се приклучиле!

Ваша Проект Среќа❤️ #проектсреќа #тополдомзасите

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Со две дози „Синофарм“ поминав пет тешки дена, ме спаси медот на Атиџе, молитвите.., како пејачката Ребека го прележа Ковид -19

Пејачката Ребека  вакцинирана со две дози „Синофарм“ го прележа ковид-19. Таа во подолга објава на социјалните мрежи објасни…