Деновиве во Тетово се случила семејна трагедија во која двајца браќа се борат за живот. Постариот брат кој имал коцкарски лихварски долгови се обидел да се самоубие, а помалиот кој го спасувал доживеал срцев удар.

За настаните е известена и полициијата.

Се почнало во една локална обложувалница во која бил постариот брат. Тој бидејќи многу должел на лихвари и повторно не му одело со коцка станал и заминал. На познаниците околу него им рекол “Отидов дома да се обесам”.

Знаејќи му го маките пријателите веднаш го побарале помалиот брат. Тој заминал во станот во кој привремено живеел брат му. Го нашол како виси на јаже. Успеал да го избади јажето од вратот и бидејќи давал знаци на живот го однел во болница.

Но таму лекарите иако интервенирале сепак човекот е во кома и неизвесно е дали ќе преживее. Но и да преживее ќе остане со траен инвалидитет оти мозокот претрпел сериозни оштетувања бидејќи бил долго без кислород.

Оваа вест кога ја слушнал помалиот брат толку многу се вознемирл што му се слошило. Се струполил во болницата , а лекарите веднаш интервенирале. Бил стентиран бидејќи во моментот кога ја слушнал лошата прогноза за здравјето на братот доживеал срцев удар.

Постариот брат паднал во немилост и коцкарски долгови по смртта на сопругата со која немале деца. Другиот брат има поминато затворска казна за земено мито за кое се обидувал да докаже дека е наместен. Тогаш го оставила сопругата и двете деца.

Во моментот браќата се во иста болница и се борат за живот.