ЕКСКЛУЗИВНО: Обвинителството на Нинџа му нудело да биде заштитен сведок, што откриваат неговите снимки ?

Александар Василевски Нинџа пред судот понуди докази и материјали односно разговори и фотографии со кои се открива вистината за 27 април. Овие докази биле предадени на обвинителството кога Нинџа сам дошол да даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска.

Според она кое DOSIE.MK го дознава од неговата одбрана инволвирана во тој период односно кога бил првиот негов исказ на 14 јуни , на Нинџа му било пронудено да биде заштитен сведок.

Добил и понуда да се заштити и неговото семејство и еветуално да биде изваден надвор од државата доколку не се чувствува сигурен во Македонија. Имало неколку опции во игра како и брзо одредување куќен притвор.
Нинџа се пријавува на 11 јуни, но не бил забележан од медиумите кога всушност првата средба со обвинителството. Потоа на 14 јуни дава исказ пред обвинителството, но и два пати пред обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов каде како докази се предложени и снимените разговори и фотографии.

Разговорите и фотографиите кои ги поседува Нинџа ја откриваат вистината за 27 април, но и многу детали и контакти со бегалците во Грција Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Токму во разговорите кои Нинџа ги има со бегалците Грујевски и Бошкоски се открива како тие стигнале до Грција, но и детали околу настанот од 27 април за кој Нинџа и Бошкоски телефонски разговраат. Нинџа предлага докази односно разговори со бегалците направени од затворот во Солун , но и разговори водени после нивното напуштање на затворот.

Во дел од разговорите се откриваат и детали според кои Нинџа бил инволвиран во бегството на двајцата бегалци во Грција и се поради нивно ветувања дека ќе му дадат добро работно место во УБК.
Фотографиите кои ги предлага се вкпуно 20 односно според она што го виделе неговата одбрана, Рускоска и во СЈО се таканаречени скрин шотови од видео разговори на кои пишува време кога е разговрот направен.
Нинџа бара исклучување на јавноста при презентирање на доказите поради вмешаност на луѓе и откривање на идентитет на вработени во УБК.

Иако овие докази ги има обвинителство и е запознаено СЈО, но не се предадени во судот кој ги чека да ги добие и да одлучи дали ќе ги прифати. Но неизвесно е дали воопшто ќе дојдат до судијата Кацарска со оглед на изгласувањето на Законот за амнестија кој ќе направи тектонски поместувања во предметот.

Дека обвинителството поодамна имало многу имиња и многу признанија кои јавноста ги слушна пред само неколку недели говори и фактот дека браќата Младеновски кои пред судот открија имиња на организартори или учесници во настаните од 27 април, ги кажале во мај годинава во текот на истражната постапка. Нивните искази се дел од списите во предметот кој сега се дел од судскиот процес со неизвесен крај.

Кристина Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави