Горан Митаноски , вујко на Мартин Нешкоски момчето заради чија смрт се крена Шарената револуција за рушење на режимот на Никола Груевски, утринава го пронашол својот автомобил целосно искршен. Сите стакла се искршени, но од внатре ништо не е одземено. Настанот е пријавен во полиција.
Ова не е прв проблем на Митаноски. Неговото семејство е под постојан притисок од структури со кои полицијата не може да се справи.
Пред дваесетина дена и синот на Митаноски бил нападнат на Кеј на потегот зад Влада. Момчето одело на тренинг кога други момчиња го нападнале и ограбиле. Детето се обидело да се одбрани но кога видело дека еден од нив извадил нож се повлеколо.
Семејството на Митаноски не живее спокојно оти имале упад и во домот. Сите настани сите насилства се пријавени во полција но до сега ниту еден од нападите не е решен. Семејството не живее спокојно и секојдневно стравува што ќе се случи следниот ден или вечер.
Поврзани објави
На Клиниката за неврохирургија воведена иновативна метода во лекување на пациенти со мозочно крварење
Министерството за здравство информира дека утрово на УК за Неврохирургија, се воведе нова метода во лекување на пациенти…
Кондарко: Шетам деца, немам време за навредите на Најчевска!
Членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, ни чул, ниту видел дека претседателката на новата партија ТВОЈА, Мирјана…
Изгоре дедо Миле во спомен куќата на Паунови
Во спомен куќата на Паунови во Велес ноќеска, изгоре сопственикот осумдесет годишниот Миле Паунов. Куќата на Паунови е…
РОДИЛКА ОД ТЕТОВО СПЕЦИЈАЛНО ДОЈДЕ ВО БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ ЗА ДА СЕ ПОРОДИ ВО ВОДА
„Чувството е неопсливо, го извадив сама бебето, ја пресеков сама папочната врвца, бебето ми лежеше веднаш на гради….сè…