ЕКСКЛУЗИВНО: Како се напушта Македонија-државата не гарантира помош за враќање

До редакцијата на Досие.мк е испратен документот кој секој патник треба да го потпише на излез од земјата.
Во случајот овој документ е потпишан на граничниот премин на излез на нашата земја со Косово.

Напуштањето на државата според новите протоколи значи преземање и на своја лична одговорност во странство.
Секој кој ќе излезе од Македонија тоа треба да го потврди со потпис на изјавата што ја добива на граничниот премин.

Ако сакате да патувате надвор, треба да се свесни дека нема да можете да барате помош од државата ако се најдете во ситуација поврзана со ковид-19.

Секој граѓанин на излез од државата треба да потпише документ во кој изјавува дека на своја одговорност ја напушта државата и дека е запознаен со состојбата со пандемијата од ковид-19, поради што голем број на земји ги затвориле граничните премини и е отежнато или оневозможено движењето во странство.

Со тоа, како што пишува во документот, надлежните државни органи на Република Северна Македонија не можат да гарантираат навремена помош за враќање на патникот во матичната држава.
Р.З.

Total
0
Shares
Поврзани објави