Ексклузивни детали од судењето за крвавиот четврток: “Игор Југ до Кацарска: Го ангажирам Кијану Ривс адвокатот на ѓаволот”

Денешното судско рочиште за крвавиот четврток за прв пат во историјата на големите судски процеси го напушија 30 тина адвокати. Тие револтирани од начинот на водење на постапката ја напуштија судската сала заради што судечкиот судија Добрила Кацарска сите ги казни со по 1000 евра.
Напнатоста на судењето почнала по отстранување на јавноста од судница бидејќи требаше да се сослушува загрозен сведок. Во судницата останаа претставници на невладини огранизации и од американската амбасада, а медиумите и роднините на обвинетите излегоа надвор. Но по кратко време сите ја напуштија судската зграда на куса пауза која се оддолжи подолго време.
Според извори на dosie.mk се било во ред до моментот кога загрозениот сведок почнал да зборува. Се слушнал изобличен феминизиран глас. Обвинителката Вилма Русковска станала кон судијата и по куса консултација била дадена пауза оти техниката за сослушување затаила. Но и по два часа не беа создадени услови за судење заради што беше дадено напатствие сите да се преместат во старата судница во старата зграда на Основниот суд 1 каде техниката била подготвена. Но внатре нема услови за работа на голем број адвокати и обвинети. Адвокатите почнале да негодуваат оти на нозе на тетратки морале да фаќаат белешки. Но судијата им рекла тоа се условите и вака ќе се работи. Поради бурната реакција на адвокатите таа одлучила сите да ги казни со по 1000 евра по што адвокатите колективно ја напуштија судницата.
“Колеги денес судот во најголемиот предмет во кој се запретени драконски казни за обвинетите, одлучи да не казни 50 адвокати бидејќи баравме минимални услови за работа и технички услови во салата во стариот Основен суд Скопје 1 Скопје. Барањето права за судот било навреда па одлучи сите да не отстрани а на обвинетите да им назначи бранители по службена должност.
За прв пат сите адвокати бевме сплотени и единствени во барањата- прво услови па работа!
Бараме поддршка од АКРМ!” кажаа адвокатите и веднаш писмено ја известија Адвокатската комора и сите надлежни институции.
Додека тие го подготвуваа писмото до Комората , во судницата судијата се обидела да назначи адвокати по службена должност. Ги прашувала обвинетите кого ќе постават за адвокат на што обвинетиот Игор Југ и рекол: “Јас го назначувам Кијану Ривс, адвокатот на ѓаволот, па сега и мене казнете ме”.
Но бидејќи веќе е доцна судењето сепак е одложено за утре со надеж дека техниката во текот на поладнево ќе биде сервисирана и утре ќе може да се работи во новата сала, во новата зграда на Кривичен суд.

https://www.facebook.com/pravniraboti.makedonija/videos/1180299588775655/

Total
0
Shares
Поврзани објави