29-годишниот Кристијан Станковски од Аеродром отворено проговори за борбата со ракот и во негов стил со напис на картон прослави 1 година без рак. Браво за храбриот потег и моќната порака!

Поинаков, уникатен и забавен… Кристијан Станковски за кусо време стана вирален хит со своите забавни написи на картон и на неговиот Инстаграм профил @Bombakis веќе има над 19.000 следбеници.

Но, тој ја испрати најмоќната порака на картон досега. Тој се отвори за борбата со ракот и откри дека слави една година без рак.

Овој картон не е ставен за да ме жалите… Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење до сега! Да не губите надеж никогаш… Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент.

Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите)

Животот е многу краток, денес сте тука утре ве нема… Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас???

Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива!!! На тој начин ќе почнете да живеете… Само здравје!