Момчето за кое вчера за малку ќе се удавеше скокајќи по крстот, пропаднал во кал. Нему не му се слошило како што првично се мислеше. На ова место во Ранковачка река ДОСИЕ.МК дознава дека изутрината била ископана дупка со багер со што бил растресен муљот односно земјата која е на дното од реката и е како леплива кал. За кратко по растурањето влажната земја легнала на дното но таа тогаш станува многу опасна. Кога ќе се стапне на таква земја таа едноставно влече надолу и прави нозете на човекот да станат имобилизирани. Го влече целото тело и поради блокадата на нозете почнува да тоне.

Токму ова се случило и со момчето. Со нозете допрел до дното и почнало да го влече надолу. Го фатло паника , а токму паниката уште повеќе е причина за тонење во водата. Додека другите околу сватиле дека нешто не е во ред со оглед на тоа дека се се случувало во неколку секунди токму во моментите на фаќањето на крстот, човек од публиката забележал дека момчето ќе се удави. И луѓето во водата се стрчаа да му помогнат и човекот облечен скокна во реката. Тој стигна побрзо и го спаси момчето. На видеото кое уште еднаш ќе го пуштиме се гледа дека на тоа место едно од момчињата застанува на нозе и е плитко.

Ова активност на оние кои дента копале со багерот подлежи на кривична одговорност оти не само што ги довеле во опасност оние кои скокаа по крстот , како што и се случи со момчето, туку откако ја ископале дупката , ја затвориле да не биде проточна.

Во продолжение повторно погледнете го внимателно видеото на кое се гледа како е заматена водата од кал околу момчето кое се испаничило кога почнало да пропаѓа а од побуликата довикуваат да го повлечат нагоре. Во позадина на видеото се гледа и паркираниот багер.

Posted by Борче Моневски on Saturday, January 19, 2019