Дијана Бачани од Мали Буковец во Хрватска помина низ вистински пекол и од таму се врати како победничка. Без компромиси. Не дозволи болеста да ја спречи да го оствари она што го зацртала во животот, па така додека ја примаше хемотерапијата успеа и да дипломира.

Таа своето искуство и борба го објави во статус на Фејсбук. Иако, како што вели, не сакала својот живот да го изнесува јавно, доживеала неизмерна среќа и тоа морала конечно да го сподели со другите. Имено, Дијана и покрај борбата со тешката болест и примање на хемотерапија успеа да дипломира на Универзитетот во Задар и стана дипломиран психолог.

„Ова никогаш го немам направено ниту, пак, некогаш сакав да го објавувам мојот живот во јавност, но денес, поради огромната среќа, чувствувам дека сакам да ја раскажам мојата приказна. И тоа на сите оние кои мислат дека ним ништо грдо и лошо не може да им се случи, и сите оние на кои животот им ја сервира лоша торта, сите оние кои водат борба и не наоѓаат утеха. Точно е дека под мојата состојба се наоѓа една просечна 28-годишна девојка која само сака да ја поврати силата на својот срушен живот.

Добив животен (не) пријател

На 27-та години добив дијагноза дека сум болна од рак на дебелото црево, и за момент не помислив дека мојот живот застана. Тој понеделник, 24 април 2018 година. Го сакав тоа или не, мојот животот се сврте наопаку. Неорганизиран живот, факултетските обврски, незавршени, и плус добив доживотен (не) пријател. Но, мојот живот се уште изгледаше исто, излегував со моите пријатели, пиев пиво, па дури и ќе запалев по некое цигаре, се смеев гласно, не покажувајќи ја болката и беспомошноста што се криеше зад неа. Тоа ме промени, одеднаш животот го гледаш поинаку, го гледаш сонцето поинаку рано наутро, ги гледаш луѓето поинаку.
Оние кои те сожалуваат и оние кои никогаш не ти дозволиле ниту една лоша работа да ти помине низ главата.

 

Не трошете го времето со токсични пријатели и колеги

Дијана потоа вели дека не треба да го трошите времето на пријателите кои се токсични и негативни. Вели дека не треба постојано да бараме изговори да ги задржиме овие луѓе во нашите животи. Таа потоа ќе се осврне на постојаното одење на хемотерапија и ќе им се заблагодари на сите доктори и сестри кои и помогнале да се избори со својот најголем (не) пријател. А три дена по завршувањето на хемотерапијата, таа стои со својата менторка и комисијата од факултетот и зборуваат за еутаназија. И тоа со дипломата во рацете.

Само еден ден пред да заминам во болница уживав во студено пиво со луѓе кои денес ми се странци, но тогаш го гледав светот во нив… Сега сум им благодарна што повеќе не се дел од мојот живот и што со тоа направија место за оние со кои сега гледам некој нов свет.

По операцијата следуваше циклус од 4 месеци хемотерапија… Во моментите на мојата најголема слабост и борба моето долгогодишно момче бараше нова девојка, луѓето што им верував ме напуштија, додека луѓето што не ги познавав стануваа моја најголема поддршка.

И нема врска што наскоро повторно ќе одам во болница, оваа среќа ја носам со себе.

Доволна е насмевката на моите родители, најголемите, најсилните карпи кои од мојот (не) пријател се плашеа најмногу. Нема ништо поубаво од тоа да ја видиш нивната насмевка. Го засакав тој (не) пријател, ми ги отвори очите, ми ги покажа луѓето кои вредат и кои секогаш ќе бидат тука со мене, а ги избрка оние кои не го заслужиле тоа место.

Конечно сум во состојба да видам што е навистина важно во животот

Можеби ова не е најлошото сценарио кое сте го прочитале, но е доволно да бидете благодарни на оние луѓе што ги имате, на пријателите што ги цените, на семејството кое никогаш нема да ви го сврти грбот, на познаниците за кои никогаш не знаете што можат да ви станат во животот, и на образованието, кое никогаш не престанува.

Затоа вклучете ги забавата, насмевките и разиграноста во вашиот секојдневен живот и овие тешки работи ќе станат барем малку полесни. И затоа уживам во животот и покрај мојата болест и тоа многу повеќе отколку порано бидејќи како облак да се подигнал, конечно сум во состојба да видам што навистина е важно во животот. Ве сакам“.

Борбата на Дијана се уште не е готова

Таа пред неа има се уште разни прегледи кај докторите, но она што е најважно е тоа дека не треба да се откажувате кога животот нема да ви ги подели картите што сте ги замислиле. Животот едноставно е планина, по која секојдневно се искачувате… И тука нема предавање!

извор: glamur.mk