Деца мрзнат на автобуска , Градот Скопје не пушта нови линии

Две недели загрижени родители алармираат да се пуштат повеќе автобуси со бр. 9 на релацијата Топанско Поле – Државна болница.

-Две недели, веројатно и подолго, сабајле кога деца одат во школо е ненормална гужва на станиците на 9-ка. Автобусите се преполни, не ни застануваат, а да застанат – џабе. Оставаат мали деца од градинка да чекаат и по 45 мин. во зима, на -5, оставаат стари луѓе тргнати во болница, не оставаат сите да смрзнуваме и да се нервираме,велат жителите.

Една загрижена родителка тргнала и да бара подобрување на состојбата од градските власти:

– Kако граѓанин кој очекува културна јавна услуга, почнав да им вртам по ред: Чушков вика, ЈСП имале само 2-3 линии, останатите приватниците ги возеле. Одговорниот во Сектор за сообраќај на Град Скопје (пробаа со финта дека е тајна како им се вика, раководителот), па се јави откога урлав дека тоа е јавен податок, вика: доставете до Архива, до Инспекторат, ќе направиме анализа… Ленин од приватниците вика, анализа имаат, 8 месеци бараме уште линии тука, оваа и 23-ка се најоптоварени релации, не не слушаат…

Е сега вака. Нема да ме шетате ни по архиви ни по инспекторати. Нема да ви доставувам дописи оти секој ден ви пријавуваат и возачи и патници. Нема да ве чекам да помине зимата додека правите анализи. Од понеделник ќе вадиме деца со транспаренти на постојка и ќе ви снимам видеа да видите кој хорор го правите. Им требаат месеци да пуштат 2 автобуси плус, загадување ќе решавале… Неспособни сте, или не ви е гајле? Петре Шилегов, се надевам ќе стигне до тебе. Уствари стигнало сигурно, ама може ај па ќе мрднете побрзо, а?

На фотографијата е автобусот кој утринава воопшто не застанал да ги земе децата кои чекале на автобуска.

Во гаражите на ЈСП стојат 40 тина автобуси и тоа од новите оти немаат гуми. Затоа по улиците веќе се гледат старите дотрајани автобуси кои се и еколошки бомби и полу исправни возила опасни за во сообраќај.

Градот апелира граѓаните да го користат јавнит превоз поради загадувањето, се заканид дек ќе ги поскапи паркинзите , но без доволен број автобуси и линии не се загрозува само здравјето на луѓето туку жртви се и децата кои со автобус треба да стигнат на училиште.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ристиќ: “Ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест”

„Ирена, а и јас, секако дека немаме намера да прејдеме преку незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени…