ДЕТЕ ДОНИРАШЕ КОСА ЗА ДЕЦА БОЛНИ ОД РАК: Им ги дадов плетенките за да не бидат тажни

Четиригодишниот Максим Кочовски од Скопје ја донираше својата коса за перика која ќе ја користат деца болни од рак, објавиува порталот Женски магазин. Неговото семејство ја испрати косата на Максим во фризерски салон во Амстердам, кој веќе десет години добива донации во вид на коса од од целиот свет, и изработува бесплатни перики исклучиво за деца кои се борат со ракот. Личната приказна на мајката на Максим, архитектката Вања Кочовска, по смртта на нејзината баба која починала од рак и нејзината мајка која успешно се изборила со болеста, ја инспиририраше да го направи овој хуман гест.
„ Се работи за иницијатива покрената од пред десет години од страна на тогашен фризерски салон во Амстердам и зема голем замав. Еве, десет години активно, во текот на целата година од секаде добиваат коса во вид на донации и изработуваат бесплатни перики стриктно за деца кои се борат со ракот. Јас сакав да ја донирам мојата коса минатата година, сакајќи најпрво локално да дејствувам. Меѓутоа откако пишав во здружението „Борка“ и добив одговор дека, за жал, кај нас нема стручњак кој изработува перики, во пребарувањето наидов на Здружение “ЗЕДМ Сложувалка” на фејсбук. Здружението е со седиште во Гевгелија и тие како посредници ме упатија што се треба да направам за да ги исполнам условите за донација, и ми испратија адреса од Холандија , каде да биде испратена косата“, ја започна својата приказна Вања, мајката на Максим.

ОВА Е ДЕЛ ОД СТОРИЈАТА НА ЖЕНСКИ МАГАЗИН . ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА НА СЛЕНИОТ ЛИНК ЖЕНСКИ МАГАЗИН

Total
0
Shares
Поврзани објави