Децата ги лазат муви , бебето пие разредено млеко со вода

Тања и Нено Здравковски од скопско Драчево, се родители на седум деца, богатсто кое е непроценливо, но животот кон ова деветчлено семејстов е многу суров.

Тие немаат основни услови за живот – живеат во 30 квадратен социјален стан, немаат никакви приходи, и се во тешка финансиска ситуација. Тие својата сторија ја споделија во емисијата ,,Срце на Дланка”.

-Во брак сме скоро 21 година, имаме седум деца, најголемиот 20-годишен син живеее кај баба му, 10- годишната Теодора е кај сестрите од здружението ,,Мајка Тереза”, овде се преостанатите деца од кој најмалата двомесечна Каја, вели Тања.

– Живееме во многу лоши услови, децата спијат на импровизирани кревети, од прозорците дува , не зимаме социјална помош, немаме никакви примања, нема со што да ја прехранам фамилијата, овие станови каде живееме порано биле полициски станици, фабрика за оксиген и простории за уште неколку дејности, надополни Нено.

-Сме се обратиле на многу места, не сме во работен однос, таа работеше во општина Аеродром, но сега има мало бебе, мораше да прекине. Порано собиравме шишиња и пластика и работев на неколку места но поради мојата болест останав дома, меѓудругото вели Нено.

Мувите во што влегуваат и излегуваат од устите на децата само говорат колку мизерно живее оваа голема фамилија, и двајцата родители се болни. Имаат наталожени долгови за струја кој како што велат се околу 45 илјади денари, и затоа живеат во целосна темница.

-Под стресови сме и двајцата, не е лесно, јас сум психички болен, пијам многу лекови, исто и сопругата пие многу антидепресиви поради што мораше и да го прекине доењето на најмладиот член.

-Многу сум разочаран од овој систем, неаме никакви приходи, јадеме еднаш дневно, но често се случува и ниту еднаш, нам ни се потребни најмалку 5 леба дневно.

– За да извадиме документи за помош потребно е пари за тие документи ние ги немаме, најтешко ми е кога децата видат некое другарче да има нешто и ми бараат да си купат и тие, но јас немам да им дадам, вели низ солзи Тања

– Бев принудена и млекото што е тетрапак да го разредувам и да му го дадам на бебето, иако тоа е многу важно за него, но немам…

Во моментот најнеопходни како што велат им се подмирување на долговите за струја и обезбедување пристојни легла, за да можат како луѓе да спијат. Бараат и стабилна работа со која ќе се прехрануваат.

Најголема желба пак на младиот Благојче е да игра видео игри и голема желба би му била да добие видео конзола за играње. Секоја помош за ова семејство е добредојдено, или може да ги контактирате на бројот 070 369 863

Total
0
Shares
Поврзани објави