Да се плашат од солзите на мртвите деца, им течеа кога ги погребувавме

Судскиот процес Монструм за убиството на децата и рибарот кај Смилковско езеро 2012 година и денеска не заочна од технички причини. Еден од обвинеите не се појави во судница оти бил хоспитализиран, но судијата немаше добиено доказ од Штипксиот затвор. Сепак неговиот адвокат со писмо од лекар го оправда дека е сместен на Пулмологија поради проблеми со плуќата. Во судницата по неколку години мачно талкање по судници од првостепена пресуда до укинување и пуштање на слобода на обвинетите , денеска прозборе маката а Алекасандар Наќевски.
“Судот и обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите, дали се извршители или помагачи. Бараме и да се декодираат броевите кои во пресудата се заведени како државна тајна, а се на функционери од ДУИ, рече Наќевска.
“Мора да се откријат непознатите сторителите кои биле посочени од заштитениот сведок, но не биле вклучени во истрагата бидејќи биле недостапни за органите на прогонот’, се обрати до судијата макјата на Александар.
„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не не го довршив тој никаквец“, ова е транскрипт од телефонски разговор на еден од обвинетите кој таа го прочита пред сите присутни и побара да го добие мобилниот телефон на синот од кој тој последен пат завртен на сестрата и тоа неколку секунди пред да биде убиен.
“Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Се до саботата, додека да ги погребаме им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи,рече Зорица Наќевска.

Total
0
Shares
Поврзани објави