Чорапчиња и неколку часа среќа за мајка со 3 – годишно девојче.. семејство со 4 деца…

Здружение на граѓани “Стопли Срце” собира донации и од свои средства се труди на најпогодени сиромашни семејства , самохрани мајки да им организира храна и радост за претстојните празниаици . Во продолжение нивиот апел …

Се сеќавате на приказната за “девојчето со кибритчињата”? Кога низ прозорец ги гледаше полните трпези, накитените елки , подароците… Кога со некое запалено шкорче замислуваше дека и таа има семејство и полна трпеза ? Сигурна сум дека се сеќавате на оваа најтажна приказна која сите сме ја прочитале.

За жал ова не е приказна кај нас, ова е реалност во некои семејства за кои се грижиме. Нема трпеза, нема елка, нема подароци, некои од нив ни струја немаат….Децата на овие семејства немаат ни за ужинка пари, а камо ли да добијат подароци. Со скинати чорапчиња , донирана обека и обична трпеза како и секој ден ке си легнат да спијат…Немаат новогодишна атмосвера, нема пакетчиња , нема елка, нема смеење и славење…Родителите на овие деца се пред време остарени уморни измачени, заборавиле кога последен пат се насмевнале заборавиле што е среќа, овие луѓе имаат заборавено се стое убаво. Само беда и очај 365 дена во годината и нитка за опстанок. 😞

Овој пат сакаме да ја смениме сликата на “девојчето со кибритчињата” ! Сакаме овие луѓе да бидат од другата страна на прозорецот, да бидат внатре! Повеќето од девцата на овие луѓе , никогас , буквално никогаш не влегле во ресторан!

Ајде да им приредиме нешто за што не ни сонуваат! Да им организираме новогодишна забава во рестора! Нека биде и предновогодишна, битно е да седнат сиет заедно и да измамиме насмевки макар на 3-4 часа!. Нека се почувствуваат посебно, нека бидат сеќни , еднаш и тие да кренат чаша и да наздрават за подобра иднина , нека им биде весело еднаш и на нив!. Ги замислувате ли како би изгледало тоа?

Затоа ќе Ве замолиме да донирате на нашата жиро сметка , за да го исполниме овој сон! Исто така Ве замолуваме да ни донирате детски чорапчиња и долен веш (нов). Гардероба горе долу имаме , јакни и пакетчиња ќе најдеме. 🙂 Ајде да ги дотераме , да ги направиме лични и убави како што биле некогаш и да им дадеме малку среќа!.

Имаме мајка со девојче 3 години, мајка и девојче 15 години, маж и жена со 4 машки деца…. Имаме од сите возрасти …има и ресторан кој би ни излегол во пресрет со попуст. Нека бидат празниците за сите! Да бидеме Дедо Мраз за овие луѓе сите заедно.  ❤️  Нека има среќа и смеа , нека биде животот убав макар на кратко!

донирајте на :

Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK

Total
0
Shares
Поврзани објави