Четири години не се вратил дома, полицијата го бара со потерница, роднините молат за помош

Ни по скоро четири години од исчезнувањето сеуште нема трага и глас од велешанецот Кирил Кимов, информира порталот Дума.мк. Шеесет и пет годишниот велешанец, што живееше на Мегдан, исчезна на 6 октомври 2014 година и оттогаш до денеска негови роднини не успеаја да го пронајдат. Последен што тогаш го видел бил неговиот другар, што со такси го симнал од Мегдан во центарот на Велес. Тој дал исказ дека Кирил на себе носел блуза во кафеава боја и фармерки а во рацете носел кожна торба. Кирил не бил женет па неговото исчезнување во полициската станица во Велес го пријавила неговата братучедка.
Од полицијата од велес велат дека октомври 2014 е пријавено дека е исчезнато лицето Кимов. Од таму појаснуваат дека со оглед дека лицето не е пронајдено во законскиот рок од 90 дена за него е распишана Централна потерница. До денес сеуште не е пронајден и потерницата е сеуште активна, потврдил за порталот дума.мк портпаролот Верољуб Додевски.
Во обид да дојдат до било какви информации поврзани со својот роднина неговите најблиски потсетуваат и надеж гледаат во соработката со граѓаните за да дојдат до било каква информација поврзана со исчеснатото лице.

извор: duma.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ВИДЕО: Детето ја разбуди мајката и го спаси семејството од пожар, следниот ден им изгоре и плевната – семејство од село Русиново остана без ништо

Откако семејството Воденски од беровското село Русиново го изгуби својот дом во пожар, се запали и нивната штала…