Четири деца останаа без храна – родителите плаќаат наследен долг на ЕВН и молат за работа за најстариот син

Четири деца од скопската населба Радишани останаа без храна. Најмалото е 6 и пол години , најстариот син 18 години. Мајката работи во градинка и има приход , кој е единствен во семејството. Таткото има здраствени проблеми и не може да работи. Семејството отплаќа долг од неколку илјади евра наследен од сопственикот на куќата кој е починат.

Голготата на ова семејство започнала кога починал свекорот. Оставил долг од 8 000 евра за струја. Семејството тогаш примало социјална помош и ги известиле ЕВН дека не се во можност да го платат наследениот долг. Но од компанијата им одговориле дека не може да им го простат долгот , мора да си го платат на рати како и сите други. Почнале со плаѓање но не успеале на време да ги плакаат ратите. Затоа биле исклучени поради што децата живееле на свеќи 4 години.

Успеале некако да собрат пари и да платат дел од долгот но остануваат уште многу рати. Децата се бањаат со канче со стоплена вода од мало бојлрче.

Најстариот син се обидел да најде работа, но каде работел пари не му давале. Може да работи за дневница се па затоа мајката моли ако може да му се најде работа за да може да помогне на семејството.

Во момнтов на семејството може да му се помогне со храна и облека но и дневна работа за едното дете. Мора да се плати интернет бидејки децата учат од дома.

За состојбата на семејството знаат и од Општината која им помогнала со дрва за огрев.

Оние кои може да помогнат Ве молиме обратете се до редакцијата на ДОСИЕ ќе добиете контакт од семејството.

К.Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Отец Оливер со молба до Шилегов: Ако се сака може со дел од средствата за новогодишно украсување да се спаси животот на Елизабета

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов не отстапува од новогодишното украсување на главниот град, иако голем број граѓани бараа истото…