Битолчанец ограбен во Франција и оставен на улица, оваа жена му помогна да се врати во Македонија

Еден 69-годишен Македонец, со потекло од Битола, кој се враќал од престојот кај неговата ќерка во Лимож, на крајот од март и почетокот на април, годинва, се нашол на улица, во парискиот регион, откако му биле украдени парите, документите и телефонот. Жителка на Путо, каде што неколку дена лутал ги зела работите в раце и успеала да го најде неговото семејство благодарејќи на социјалните мрежи, јавува дописникот на МИА.

Преку социјалните мрежи, и покрај тешката комуникација со стариот човек, кој не зборува еден збор на француски, пекарката од Путо, погодена од неговото необично присуство на улицата, се заложила да ги најде неговите блиски, по што неговата приказна се најде на првите страници на повеќе француски медиуми.

Пекарката од “Роз де Путо”, Сондес Јеру, ја потврдила оваа прекрасна приказна, наведувајќи дека не е единствената во градот Путо која му помогнала неколку дена, на овој 69-годишен човек, очигледно целосно изгубен. Најрво таа започнала со истражувањето на социјалните мрежи, за да ги најде роднините.

– Почнав да пребарувам со пораки на Фејсбук, тоа не функционираше, вели Сондес Јеру, која побарала од стариот човек да му ја покаже на мапата на светот земјата, а потоа и градот од каде што потекнува.

-Потоа испратив порака, особено до луѓето што живеат во Битола. Од таму имав контакт со роднина кој ми се јави, велејќи дека тие го барат од пред две недели, додава таа.

Според роднината, старецот дошол кај својата ќерка во Лимож и кога се враќал во Македонија, требало да лета од Бове за Скопје, кога се загубил.

-Мора да се каже дека му го украле пасошот, сите негови документи, неговите пари, неговиот телефон … Му требаше помош, заклучува Сондес Јеру, мајка на четира деца, која одбива каква било форма на слава за нејзината помош.

-Тоа е мојот начин на живот, сакам да им дадам пример на моите деца, да покажат дека треба да си помагаме, дури и ако имаме малку средства. Бездомниците остануваат без покрив над главата, бидејќи ние не им помагаме (…) Мораме да си помогнеме, не смееме да се плашиме од луѓето, вели таа. (МИА)

Total
0
Shares
Поврзани објави