НАША СТОРИЈА: Баба спие на автобуска во Скопје, внучето не се знае каде е !

Повозрасна жена подолг период спие на клупите околу меѓуградската автобуска станица во Скопје. Загрижени граѓани кои подолго време ја гледаат на оваа локција преку социјалните мрежи објавија нејзина фотографија и дел од нејзината приказна.

Она што успеале да го дознаат е дека жената е барател на социјален стан и секој ден оди по институциите да побара помош. Но од никаде не добива ништо и затоа спие на автобуската во близина на зградите во кои има социјални станови и се просториите ПИУК.

Повеќе не е расположена да зборува само вели дека си го сака она што е нејзино, но енигма е како останала сама на улица. Кога времето не е убаво влегува и во околните згради, но од таму станарите ја бркаат. Не проси и не бара ништо од луѓето кои минуваат покрај неа. Ако некој и подаде пари таа им одговара “од убаво никој не проси”.
Граѓаните се јавиле и во полиција, во социјално, во Црвен крст , но од институциите добиле одговор дека не се надлежни за нејзиниот случај. Никој нема одговор кој е надлежен за оваа жена да и помогне или да и го реши проблемот.

Дека жената подолго време е на улица сведочат и граѓани кои ја виделе во Рамстор во Центар. Таа и таму седела да се стопли или да јаде нешто. Nекои дури и се понудиле за помош, но таа одбивала комуникација. Затоа граѓаните се обратиле во институциите но сите ги одбиле и се прогласиле за ненадлежни.

Но Скопјани упорни во потрагата открија дека жената е од Кичево и имала семејство но биле многу сиромашни. Тие што ја препознале велат дека имала ќерка која сега би требало да има околу 30 години но не знаат каде е. Бабата имала и машко внуче и живеела во Аеродром долго време под кирија во близина на Веро но пред неколку години од плинска боца има се запалил станот. Бабата имала изгореници на нозете и телото.

Сега е сама на улица а ќерката наводно живеела надвор од Македонија или пак кога била тука била во затвор. Детето кое учело во локалното училиште во кое се собирале и пари за помош на сиромашното семејство ниту наставниците ниту соседите не знаат каде е.

Total
0
Shares
Поврзани објави