Апел за помош – потребна донација за лекување на жена во инвалидска количка

Битолчанката Мери Тошевска има потреба од донации на хумани граѓни за да го продолжи лекувањето со роботска терапија во поликлиниката „Неоуромедик“ во Ниш, Србија. Таа се движи со инвалидска количка, а медицинскиот третман што го добива таму ја подобрува нејзината здравствена состојба. За да се исправи на нозе мора да продолжи со лекувањето во Србија, а за тоа ѝ се потребни 8000 евра. Сега оваа неуморна и храбра жена и мајка живее со надеж дека ќе успее да ги собере потребните средства и го врати својот чекор. Можете да донирате на следниот мобилен телефон и жиро сметка во банка.

донација
донација 2
Total
0
Shares
Поврзани објави