Попладнево 30 годишно момче од Кавадарци сподели апел со кој бара да најде работа. Во апелот се таргетирани невладини организации ,градоначалникот на Квадраци , владини претставници а поентата на момчето е дека иако има проблем за да работи не значи дека е неспособен и дека нема огромна желба за работа. Неговиот апел го споделуваме во целoст:
🆘 Јас сум Јасмин, имам 30 години и, откако завршив средно училиште во СОУ „Киро Спанџов – Брко“ – Кавадарци, не сум работел на ниту едно место.
‼️ Ова не е затоа што јас не сакам да работам, напротив, имам поднесено апликации и биографија на стотици места изминатите 12 години, но ниту една фирма, организација или институција не ми дала работа.
⚠️❗️Секако, во меѓувреме се обидував постојано да се надоградувам. Околу 8 години волонтирав во неколку невладини организации, како Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци, Инфо Сега и Sppmd Sovet каде што научив многу вештини. 📖🙏💻💿 Од време-на време поправам по некој компјутер или телефон, но ова го правам од љубов, за пријатели и роднини и немам заработка.
❗️❗️❗️ Моментално, на 30 години, мојата целосна егзистенција зависи од моето семејство, но не сакам тоа да биде така. Сакам јас да заработувам и самиот да се грижам за себе.
⁉️ Причината поради којашто никој до сега не ме вработи, можеби, е тоа што, јас, малку побавно од другите ги правам работите. Немам некоја дијагноза, но, едноставно, ми треба поддршка и асистенција при работата и ми треба време за добро да ги завршам задачите.
Пред да почне кризата со коронавирусот бев на средба со Митко Јанчев – Градоначалник на Општина Кавадарци, но, и покрај тоа што тој ми побара информации за контакт, не добив никаков одговор од до денес.
📢📢 Ве замолувам сите, да ја споделите оваа објава за да ми помогнете да најдам работа.
🔴 Најдобар сум во работењето со компјутери 🖥, телефони📱, кабли и друга технологија, но можам да научам и нови вештини доколку работното место го бара тоа. 🖨🖱💽💾📠
Ве молам, помогнете ми да се вработам и конечно, и јас, да се чувствувам како активен граѓанин кој придонесува во ова општество!
📬 Доколку сакате да ми помогнете, ве молам контактирајте ме во инбокс, или, на [email protected].
Министерство за труд и социјална политика
Санела Шкријељ
Мила Царовска