Александар во инвалидска количка и неговото куче водич биле спречени да влезат во автобус

Јавното сообраќајно претпријатие неодамна донесе одлука со која на лицата со попреченост им се дозволува да ги користат нивните услуги со своето куче-придружник, денеска на Александар Велески и неговото куче Бен не им било дозволено да се качат во автобус на ЈСП.

„Функционира ли нешто во државата, ЈСП, 7-ца не ме пуштија со Бен“, се пожали Александар на својот фејсбук профил.

Од ЈСП соопштија дека за случајот дознале преку Фејсбук и дека веднаш го побарале Александар, но се уште не стапиле во контакт со него.

„Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола. Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран“, велат од ЈСП.

Total
0
Shares
Поврзани објави