Здраво на сите пријатели добронамерници,

Дали ги гледате вашите и другите деца дотерани, насмеани, среќни, весели, со нова облека како се фотографираат на почетокот на учебната година? 
Дали вие како родители ги испративте до училиштето и ги опсипавте со внимание, храброст, честитки, гушкање, желби за подобро утро…?
Да ? 
Е на братчето и сестричето од кумановското село Степанце тоа никој не им го направи. Тие самите во оскудната гардероба која најчесто е донација и не е ниту за нивна возраст ниту некогаш купена за нив сами отидоа во локалното училиште стискајќи се и плашејќи се што ќе биде УТРЕ и како ќе се снајдат во предстојната зима?

Овие две мали дечиња од кое едното е шесто оделение а другото (девојчето) е деветто оделение живеат во апсолутно катастрофални услови со својот 70-годишен татко кој едвај сам за себе се снаоѓа без можност некако да им помогне. 
ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ СИ И СО БОГА ! 
Нивната мајка е одамна почината по што почнува тешкиот живот кој им го уништува детството секој ден.
Немаат храна! 
Немаат облека ! 
Немаат прибор за на училиште ! 
Немаат огрев ! 
Немаат пристоен дом за живеење ! 
Немаат никаква помош од никаква институција ниту пак некое лице ! 
Имаат потреба од нашата помош ! 


Ќе ве замолам кој може со било каква донација да помогне ! 
Да помогнеме луѓе на едни дечиња кои имаат премногу грижи за едно детство кое ете некогаш знае да биде сурово.
Следува државен празник , 8 септември, јас со неколку пријатели ќе одам кај нав , како и до сега кога можевме го правевме тоа многу пати… 
Пишете јавете ми се со цел да покажеме дека сме свесно и совесно општество, ОПШТЕСТВО ЕДНАКВО ЗА СИТЕ !

За помош контакт на FB na zidot na Zarko Vasilevski