Жуто комбе

Се мислам деновиве со што попрво да се занимавам. Дали со случајот Антонио кој дигна голема врева , дали со новите истраги на СЈО кои ако се докажат вистина излегува дека сме живееле во еден голем лажен свет, дали со исчезнатиот дето кој 11 дена го бараа, а тој во фрижидер по сообраќајка? Дали новите финти на БЕГ и ветувањата на Анѓушев дека за калориметрите ке помогнела владата…еј а црквата , мајката бугарката…
Не знам ај малку по малку се со ред…
Антонио е случај кој за 24 часа по само еден објавен текст на овој портал предизвика лавни коментари реакции и анггажираност на институции. Зошто? Прво бидејќи Антонио е познато лице , второ неговата приказна си ја кажа јавно без срам страв или било каков товар што би било ако јавно проговори. Токму тоа и му помогна значи искреноста му ја донесе помошта и ноќта кога требаше да биде последна во неговата куќа стана прва од следниот ден и новиот почеток. Министерството за труд и социјала експресно реагираше, и се јави секако и Боки 13 кој покри многу трошоци и вети работа и егзистенција за Антонио. Но што со оние кои не се познати фаци, што со илјадниците кои исто како и Антонио имаат претставки по министерства, што со оние кои се срамат да зборуваат и очекуваат институциите да ги решат проблемите?
Ништо…се е исто како што беше…
Не можам да се изначудам на приказната со барањето на дедото кој 11 дена го немаше. Дедото бил без документи удрен од автомобил и пренесен во Ургентен каде по неколку дека починал. Го воделе како непознат пациент и никој не се потруди да го идентификува и дури бил жив па и мртов. Го прибрале во фрижидер како НН лице , а фејсбукот и медиумите цело време вриеа од негови слики дека се бара . 11 дена луѓе 11 дена !!!!! Кои институции тука затаија? И кој е одговорен ?
Никој…се е исто како што и беше…
Интересно СЈО отвори нови истраги. Само кажа околу надлежноста и потребата да се припои кон старото обвинителството и без разлика на недореченостите на законите ги кажа новите истраги. Пратеничката Бонева која стана синоним за прибирање пари од патарини и од додатоци- во истрага на СЈО, жолтите комбиња на екс премиерот исто во истрага …Судот веќе не е на сваровски така? или истите судии ама сега не се сваровски? Додуше растурени по оддели некои на воздушна бања во парк. Пресуда дечки дајте пресуда не признание спогодба ПРЕСУДА ама здрава пресуда !!! А , а акмисот како ги дели сега предметите нешто тивко за тоа и реформите ?
Ново …се е исти како што и беше…
Се изначудив кога видов дека вицепремиер се занимава со калориметри. Тој треба да се занимава со километри, а не калолиметри. Тие мерачи се сопственост на приватна форма и законите се така скроени во корист на тој монопол.Ете и Уставен суд потврди греел н е греел ке си плаќаш, џабе протестите на 10 тина луѓе со години , а замислете засегнати се 12000 домаќинства.. Туу сто народ а 10 души храбри …македонска работа други нека гинат за мене да ми е убаво. Е владини дечки сменете ги законите урнете го монополот па фирмите на коленици ќе молат да ставиме од нивните калориметри . Фала, но социјална помош од државата скопјани не сакаат, ке ни се налутат битолчани, охриѓани…не е фер
Фер…се е исто како што и беше …
Еј а да прашам некој за ова со црквата мајка блгарска зборува или тази работа не е веќе интересантна? За идентитетот се работи затоа прашувам или километрите на Бонева и калориметрите на Анѓушев се важни? Важни се, но тие е проблем на интитуции и ќе си решат, а овие ќе си лапаат казни , тоа им е должност за тоа ги плаќаме. Ова може да го дознаеме но не смее да биде само добар ПР оти видовме пиарот на кое буниште некого однесе. Но името и идентитетот се проблем на народот е тука нешто сме сите тивки. И на крај сштиот народ еми сштиот ште бде. И нема да се чудам како летоска во Св. Наум кога гледав бугарски попови ги шетаат туристите во нашите манастири и конаци , на нашата света земја и им велат ова е лулката на блгарштината.
И така на крај приказната за жолти комбиња па и не е лоша. Како сме тргнале како ФБ ни креира една реалност, низ домашната врата друга , кичмата нормало свиткана, опулени во туѓиот џеб и туѓата среќа…

МА СИТЕ СМЕ ЗА ЕДНО ЖОЛТЕНИКАВО КОМБЕ БЕ !!!!

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ова не е наша Ката, Цанде пали го фиќото

………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………… и така бомбите на СЈО станаа неупотребливи. На точките од претходно се знае што би пишувало да…