Видео: Скопје -градот на големото добро утро?

Гледам во последно време модерни се видео колумни и ги поздравувам. Сметам дека во брзината на денешното живеење може да слушам колумна и додека чекам на семафор иако шмекот на читањето весник е незаменлив. Но мојава колумна ќе биде видео со таа разлика што ќе постирам видео и во неколку реченици ќе објаснам што ми е на ум.

Видеото е од маж кој рано понеделнички врти кругови околу зграда која е блиску до училиште и детска градинка. Има посебно богаство, а тоа се контејнерите кои ревносно ги претура. Но добивката од кантите наместо да си ја носи дома влегува во приватен имот кој навидум е напуште и во грмушките се обидува да го скрие пленот. Јас со кучето надвор и му велам дека е приватен имот и да излези сосе губрето. ЕЕЕЕЕЕЕ тогаш!!!! Одмана не сум чула колку бил богат македонскиот јазик со пцости , реденки, колнења, варијација на тема полови органи.

Не само што не замина туку и замалку ќе ме тепаше ама се пишмани поради кучето. Секако како секој храбар маж побегна и застана на автобуска. Таму сеансата му траеше неколку минути , дојде група убави девојчиња и се пикна во автобус по нив.

Приказната е вистинска , приказната е секојдневие, приказната е од оние како на пијаниците околу Зелен Пазар , приказната е како на секој семафор кои малтретираат и рипаат на шифершајби тропаат по стакла додека држат бебе а мајката надувана од лепак, приказната е дека анархијата во секојдневието е веќе секојдневие и на секаде во градот. Ниту сопствен имот може да се заштити, ниту екологија, ниту безбедност на деца. Секоја населба е слободна за движење на секакви и никакви , кои си даваат за право дека се што е јавно е и нивно, па мочај , фрлај, крши !. Дали Скопје треба да се подели , дали Скопје треба да има заклучени квартови како Беверли Хилс или квартови како Бруклин?

Но кога вредноста на човекот падна на ниво на тоа кој е поголем кодош, кој поголем измамник, кој повеќе леб ќе му украде на добронамерникот, јас па се фатив за простаков кој е инаку болен (компулсивен собирач на ѓубре)!

Имајте убава седмица рекоа ќе врни од среда …

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Жуто комбе

Се мислам деновиве со што попрво да се занимавам. Дали со случајот Антонио кој дигна голема врева ,…
Повеќе

ЧОРБА

ЕЕЕЕЕЕ од кога не сум напишала Локумна. И нема да напишам! Годинава ќе ја почнам со видео локумна,…