Тивка вода брег рони

Пишува: Кристина Мачкиќ

………..И се така си беше една убава тишина додека не пукна првата бомба. Чат пат некој нешто ќе подвикнеше и фрц зад решетки или на улица. Се насетија промени и камелеоните почнаа да плукаат , да пиштат колку биле угнетени за што???, а па да за фотељи!!! Од една стани во друга седни. Но во плукањето толку го претераа што веќе професионализмот им излезе низ врата, па се чудат на “чудните тивки решенија”. Истовремено се пазарат за свои решенија , а квалитетот што го нудат е баш ќе се прашам дали е соодветен. Нејсе слушам реакции зошто некој молчел со години и баш сакам истите тие да ги прашам, а вие кај бевте тие години? Не е ова само за една професија или група ова е и толку масовно што веќе не се знае кој е кој , секако и за моите, новинарите важи.
………..Малку за тие со плачеа пиштеа како тоа новиот обвинител бил тивок и молчел и го направија небаре неспособен, а тие способните оти знаат да лајат и користат медиуми за себе промоција. Кој го знае него? Леле па тој е непознат за јавноста, никој ништо не чул и нема појма кој е. Овие глупи тези да ги вратиме малку наназад .
Ало !
Катица Јанева кој ја знаеше? Од каде дојде? Беше тивка , мирна и кротка и дојде од обвинителството каде работеше со години, а раководеше и Марко Зврлевски. Ни глас и имавме чуено, ни абер. Едвај пред камера да се снајди ама застана пред МВР и викаше ОТВОРИ ОТВОРИ??? Не ја дрма сега државата ? Не им се треси фустанчето на власта од која денешниве самопрогласени херои видоа ите како бенефит и го кријат тоа ко змијата нозете? Тивката Катица сега каде е ?
………..Нема да биде лошо малку и да се молчи за името на аеродромот. Лично мислам дека е решено но сепак, да се игра мајтап со починат човек кој бил Претседател каков и да бил е под секое ниво. Еднооки Киро , Киро Велики и слично се само зборови на луѓе богати со примитивизам. Затоа пак најдобро што прочитав на оваа тема беше натпис за аеродромот “и ебавте мамата на Македонија”.
………. Ете имаме нов Претседател на судот . Прослави човекот со голем коктел на кој беше и менторот на неговиот пат кон вториот кат во зградата на “Гоце Делчев”. Бидејќи е од докторска фамилија се надевам дека хируршки добро ќе го среди судот да не е веќе срам за државата , се надевам ќе се пази најмногу од “пријателите” околу, оти тие ги имаат најострите ножеви.
……….Не знам зошто толкава дебата за законот за јазици кога тоа кај нас одамна е завршена работа. Одамна се двојазичните табли одамна институциите се преполни со народ со кој можеби тешко ќе се разбереме. Плукачиве од горе во текстот па ќутат ни збор, се однесуваат исто како во време на хунтата кути си друг нека се бори. Е мои Македонци срам и арам да ви е се друг нештата да ви ги решава и после како викаат Цацко е крив. Не е Цацко, само си виновно. Лично им се дивам на дечките кои истуркаа се со сакаат и ќе истуркаат ,но не се тие само во политиката такви туку и во фамилијата, без пардон и без прашање ќе помогнат и ќе бидат едно за каузата. Нашите или ке свртат муцка или ќе ти пратат еден долар. Тоа е нашата разлика, а не верата или нацијата.
……… Вчера пишував за мајка и син кои питачат. Морам да признам се разочарав. Душегрижници колку сакаш за оговарање и броење кликови на сајтот. Да, имаше над 20.000 посети , но ниту едно решение. Група жени кои сакаа искрено да помогнат беа стопирани од друга група која грдо ги нападна мајката и синот. Никој помош и одговор не даде за нивната која е една од илјадниците судбини во државава. Еве ќе ви откријам министерката Мила Царовска,секоја чест, ќе го провери случајот, бидејќи во оваа ситуација Законот за семејство и други државни акти ја спречуваат државата да помогне. Тие закони некој ги напишал, а како сегашните херои угнетени од претходниот режим ,не кажаа до сега дека не чинат па да се корегираат? Ебате хериоите, па уште и лажат Заев знае синкир на линија се.
……….. Страшно колку се лаже во оваа држава и колку е тоа на цена. Велат секој нека си ги носи своите чели и ич да не се пика во други или да му клава други. Секој си го знае својот чорап. Но кај нас е токму спротивното.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Шут гооол

До менаџерот било не до квалитетот. Така денеска се избра претседател на судот. Честитки до фубалерот па како…
Повеќе

Сите ние сме Вие

Одамна сум кажала за во кафеана сите сме другари. Лесно е да се радуваш, пееш, пиеш… Но во…