Ова не е наша Ката, Цанде пали го фиќото

………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………… и така бомбите на СЈО станаа неупотребливи. На точките од претходно се знае што би пишувало да не замараме јавност или како некои ретро(перспетива). Еве почнаа Ката ја нема Ката молчи СЈО на Ката кај е …. веднаш ми доаѓа една реплика од филмот Викенд на мртовци : “ Ова не е Ката!”

И навистина се научивме на една силна енергична Ката и нејзините ангели и бум пуф издиша. За воља на вистината сум ја видела наша Ката и во судница. Ретко кој видел таква борба со судија и размена на мислења на висок тон. Можеби по филмовите имало но кај нас секогаш обвинителството било бубачка во судницата.

Ката ќе си продолжи, оти без неа нема НАТО.

Но што со бомбите?

По разните ФБ профили каде нели сите се најаки и повикуваат Обвинителството да работи по допрен глас самите кажуваат информации кои се сами по себе допрен глас, а не се свесни дека ете може да бидат викнати во ЈО и да кажат колку знаат. Некои толку си го пуштија јазикот дури и напаѓајќи или бранејќи некого како да ги слушале бомбите па или се слушнале или им кажале “те има ама друг пат”.

Толку многу ги пуштија ринглите на силно и наеднаш штама. Удрија по парнтерот ама тоа им беше последно. Некои закутеа од пусти страв кои од млади венци си го носат посебно од новинарскиот свет, но некои поради сериозн бизнис и лукративни причини.

Значи, бомбите иако поради повисок јавен интерес беа индиции па и докази иако нелегално стекнати, се веќе неупотребливи. Што правиме со кодошите? Тие секогаш се на цена и добро употребливи. Така да ич не жалете по бомбите. Освен што нема повеќе пукање сеир, Ката ги има повредните кодошите! И не само Ката туку и Вилма жената која мечка затвораше сега пак мечки ќе брка.

Тоа е нашето секојдневие кое го меле умот на гледачот или читателот и замислете Досие.мк отвори апликација и прикажува кратки видео стории снимени со профи камера и монтирани, народов ги гледа исто како да не ги гледа. Трагедиите се магнет за кликање иако Досие не работи не живее од кликови , а позитивните борби за животот не се.

Тоа сме ние една голема клик трагедија кога полуписмени, криминалци , кодоши се на цена ,а судбината и борбата на некоја мајка за чедото е пропратна пет минутна сторија.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Жуто комбе

Се мислам деновиве со што попрво да се занимавам. Дали со случајот Антонио кој дигна голема врева ,…