Зошто полицајката во Косово го уби цело семејство и се застрела?

Командантот на полициската станица во Гњилане Албан Рамуши, заменикот Насер Рахмани, шефот на операцијата Нијази Колгечи и началникот на цивилниот сектор вчера доцна вечерта се суспендирани по четирикратното убиство во Косово и Метохија.

Како што јавува „Коха.нет“ тие се суспендирани по препорака на инспекторатот бидејќи полицајката Ваљдете Блаца ги убила своите мајка, татко и двајцата браќа со огнено оружје, а потоа си просудила себе си.

Медиумите во Косово опширно пишуваат за трагедијата и наведуваат дека полицијата потврдила дека таа порано имала ментални проблеми. Полицијата исто така соопштила дека на Ваљдете и било одземено и службеното оружје, но „Коха.нет“ наведува дека убиството и самоубиството се случило со службен пиштол кој не требала да го поседува.

Инаку сите жртви се усмртени со по два куршума во главата, а некои од нив биле и во сон кога биле убиени.

Еден од нејзините браќа е пронајден мртов во спалната соба, додека другиот брат и нејзиниот татко се пронајдени мртви во дневната соба, додека мајка и ја убила во другата соба од нивната куќа.

Според кажувањата на роднините тие важеле за сложно семејство, но очигледно некои нивни проблеми ги криеле од сите.

-Причината можеби да е и поради тоа што таа и нејзините браќа се уште немаа оформено свои семејства, па оттука често да се карале со родителите, вели еден нивни роднина за „Новости“.

Total
0
Shares
Поврзани објави