Жена осудена за озборување на соседите

Во бизарен судски процес кој се водел во суд во Хрватск жена на 56 години од мало место е осудена бидејќи ги озборувала соседите. Таа е осудена на парична казна од 5 илјади куни условно доколку не стори ново кривично дело во рок од една година.
Во тужбата пишува дека кон крајот на 2012 година која се вратиле дома од Германија , соседите и роднините на повратниците им раскажале дек сосетката ги озборувала ширејќи разни приказни за нив. Биле сослушани седум сведоци кои потврдиле дека таа ги озборувала.
Од дел од сведочењата можело да се чуе дека жената пред нивни познаници зборувала дека брачниот пар кои живееле во Германија биле полудени , дека немале веќе ништо и немале што да работат и дека требало да си заминат да живеат во Германија. Потоа таа за нив во продавница на нивни познати во моментот кога и тие биле во истатата продавница ги покажала со прст и рекла дека луѓето јадат кучешка храна.
Брачниот пар откако разбрале за она што им го правела соседката се почувствувале понижени и се нашле во незгодна ситуација роднините да ги распрашуваат што им се случува во животот.
Таа во своја одбрана кажала дека не се чувствува виновна и дека никогаш не зборувала лошо за нив , но судот со сведоците утврдил дека сепак случките кога таа навистина зборувала лошо за нив се вистински и се случиле. Тогаш сега осудената во судот престанала да зборува и не сакала да одговара на прашања ниту на нејзините бранители.

извор: Хрватски медиуми

Total
0
Shares
Поврзани објави