Нешто по полнок синоќа неколку разбојници под закана на оружје ограбиле четворица скопјани, кои во тоа време биле со кола на паркингот кај поликлиниката „Бит пазар“.

Разбојниците испукале два куршума во воздух и заканувајќи им се на жртвите им одземале пари и лични документи.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.