Голема драма, која за среќа не се претворила во трагедија, се случила вечерва во скопската населба Ново Лисиче, дознава КУРИР.

Аптека на улицата „Февруарски поход“ е ограбена под закана со оружје.

Пред да затворат со смената, вработените биле нападнати, а потоа и ограбени.

Очевидец за КУРИР раскажува дека сцената била страшна. Вооружениот грабеж се случил веднаш до маалско кафуле и кладилница, објекти кои биле полни со луѓе во тој момент.

Како што дознава КУРИР, грабежот се случил околу 22 часот, а полицијата и во моментов е на терен.

kurir.mk