Во Неготинско запленети 50 килограми марихуана

Полицијата вчера заплени 50 килограми дрога во Неготинско, при што е приведено едно лице.

„Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, единицата за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, на 5 ноември на подрачје на с. Дуброво, Неготинско, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории кај Е. Е.(29)“, соопшти МВР.

При претресот во помошни простории кои ги користел Е.Е. пронајдени се околу 50 килограми марихуана. Тој е приведен, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Total
0
Shares
Поврзани објави