Во Лојане и Ваксинце пронајдени 28 мигранти

Во две куќи во Лојане и Ваксинце утрово полицијата пронашла вкупно 28 мигранти, а биле приведени три лица, соопшти МВР.

При претрес во домот и помошните простории на 66-годишен жител на Ваксинце се пронајдени 10 мигранти од Бангладеш. Сопственикот на куќата и уште едно 27-годишно момче биле приведени.

Во селото Лојане, при претрес на домот и помошни простории во сопственост на А.А. (48) биле пронајдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан и две од Авганистан, меѓу кои 4 малолетни лица, изјави портлапорот на МВР, Сузана Праниќ-Талевска.

Во врска со настанот приведено е лицето З.А.(53) од Лојане.

Во текот на денот тројцата приведени ќе бидат изведени пред суд, а мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

До Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пак, против приведените ќе се поднесе кривична пријава поради сомнение за делото криумчарење мигранти.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Што пишува во обвинението за Mеѓународен сојуз: Ременски го поддржувала Боки на средбите со бизнисмените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите

По спроведена сеопфатна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и…