Во групна тепачка во Прилеп настрада едно лице

Едно лице го загуби животот во тепачка што вчера се случила во Прилеп помеѓу две групи. Интервенирала полицијата, која испукала двапати во воздух за да ги смири лицата што се тепале. Причината за пресметката засега не е позната.

МВР тврди дека вчера 20.38 часот во полиција било пријавено дека во населба Тризла во Прилеп настанала тепачка помеѓу повеќе лица.

Веднаш излегле на местото на настанот и утврдиле физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, а едно лице не давал знаци на живот.

Смртта на Т.Б. (42) ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а јавен обвинител наредил да се врши обдукција.

Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави