Внукот не ја заклал туку и го изгризал вратот на бабата ?

Внукот не ја заклал туку и го прегризал гркланот на жената која беше вечера убиена во Драчево, пренесува неофицијални информации порталот netpres.com.mk. Истрагата траела до доцна во ноќта а момчето само се пријавило во полиција и раскажало дека чинот бил дел од сатанистички обред. Истражителите отпрвин се сомневале дека е заклана но биле шокирани од откритието.

Момчето само признало дека е припадник на секта и по последниов настан се поврзува со неколку чудни сквернавења односно преполовено маче и натписи на црква „слава му на сатаната“ (аd majorem sathanae gloriam ) и „врати на пеколот, отворете се“ (zazas, zazas, nasatanada zazas).

Информациите и форензичките истражувања се уште се во фаза на обработка по што и полицијата и обвинителството ќе соопштат детали.

Total
0
Shares
Поврзани објави