И денес, четврти ден по ред, српската полиција спроведува истрага во викенд куќата во Ритопек, за која постои сомневање дека екипата на Вељко Беливук, попознат како Веља Неволја, ја користела за грозоморни злосторства.

Како што објавува српски Курир, инспекторите го пребаруваат и делот кај Смедеревскиот пат, во радиус од околу 2 километри од викенд-куќата во Ритопек и околните депонии. Се претпоставува дека полицијата и жандармеријата направиле заеднички план во куќата, а потоа започнале пребарување на теренот. За време на претресот, полицијата и жандармеријата користеле и кучиња трагачи.

Токму на ова место, како што се сомнева, навивачот на Партизан, Горан Величковиќ Гокси, член на бандата „Пинк Пантери“, Милан Љепоја и Здравко Радојевиќ, навивач на Црвена Звезда, биле мачени и брутално убиени.

Како што објавува српски Курир, интересно е што оваа викенд куќа се наоѓа точно спроти Панчево, односно стрелиштето Поњавица, каде што суровиот клан наводно вежбал пукање.

– Ритопек и Панчево го делат Дунав. Се претпоставува дека групата не ги избрала овие локации случајно. Се сомнева дека им било погодно да преминуваат чамци од една на друга страна, да превезуваат оружје и наркотици – изјавил изворот.

Според српските медиуми, викенд-куќата во Ритопек сè уште ја чува жандармеријата, а се претпоставува дека инспекторите вршат детални прегледи во просториите.

извор: А1он.мк