Видео: Не им побегнаа на полицијата, бркотница во Козле

Пред половина час во скопската населба Козле жителите беа сведоци на полициска бркотница. Полицијата се обиде да застане лица за кои требало да се изврши рутинска контрола. Но на знакот на полицијата тие не застана и продолжија со голема брзина да се движат кон Нерези. Но полицијата експресно реагираше и со полициско комби и полициска шкода со ротација и сирени успеа да им го попречи патот. Во моментот настана мала гужва и викање но полицијата со брза реакција ја смири ситуацијата. Полициското комби замина а останатите полицајци останаа да направат записник. Повеќе детали полицијата ќе соопшти утре.

Total
0
Shares
Поврзани објави