Немонтиран видео материјал од тепачката помеѓу навивачките групи ,,Фаланга” и ,,Лозари” која се случи денес пред натпреварот во Штип, масовно се споделува на социјалните мрежи.

Настанот кој ја вознемири јавноста се случил на улица покрај стадионот во Штип, кога двете навивачки групи се судриле.

Полицијата успеала да спречи поголем инцидент, а неофицијално еден полицаец бил повреден, откако бил удрен со факел по главата.

Фудбалското дерби помеѓу второлигашите Брегалница од Штип и Тиквеш од Кавадарци од Фудбалската федерација било прогласено за натпревар од висок ризик.
Мечот заврши со резултат 1:1, а од МВР најавија повеќе детали за инцидентот во тек на утрешниот ден.

https://scontent-frt3-1.xx.fbcdn.net/v/t66.36240-6/10000000_677572059594731_1266435410380304484_n.mp4?_nc_cat=103&ccb=2&_nc_sid=985c63&efg=eyJ2ZW5jb2RlX3RhZyI6Im9lcF9oZCJ9&_nc_ohc=-yRKU4MQwwsAX-K8TbG&_nc_ht=scontent-frt3-1.xx&oh=e04c8544e87ca3834222edf3a57b96c8&oe=5FE65305

извор: fokus.mk